Почина осуденикот за случајот Алфи на пат на накај болница

t

Доцна синоќа во затворот „Идризово“ починал Реџаил Ќерими, еден од осудените на доживотен затвор за нападот на полициските „Алфи“ кај Природно математичкиот факултет во Скопје.

На 27.01.2022 околу 00.20 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека на пат кон клиничкиот центар, во возило на Затворската полиција починал осуденикот Ќ.Р.(52) од с.Опае, кумановско.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на семејството.

Во нападот во 2008 година на паркингот кај Природно-математичкиот факултет беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца припадници на „Алфите“ беа тешко повредени.

За овој напад на доживотен затвор беа осудени Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дерпљанин, додека Рамадан Шаќири беше осуден на девет години затвор. Одбраната на осудените бараа да се повтори судењето, а семејствата тврдеа дека осудените за нападот се невини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…