Почина Теодор Качински, озлогласениот убиец осуден на доживотен затвор во САД

Серискиот убиец Теодор Качински, познат како „Унабомбер“ починал во затвор, пренесува „АП“.
Качински бил пронајден мртов околу 8 часот наутро во федералниот затвор во Северна Каролина. Причината за смртта е непозната.
Тој беше префрлен во затворска медицинска установа во Северна Каролина кога помина две децении во затвор во Колорадо поради серија бомбашки напади насочени кон научници.
Теодор Џон Качински е роден на 22 мај 1942 година во Чикаго, а се памети по прекарот „Унабомбер“. Тој им испраќал бомби на своите жртви, за разлика од многу други сериски убијци. Неговите жртви биле главно професори.
Во период од 20 години повредил 23 лица, а тројца од нив убил. Полагал тест за интелигенција во петто одделение и постигнал 167. Тој бил генијалец, прескокнал неколку одделенија и бил во различни училишни групи, вклучувајќи шах, биологија, германски и математика. На 16 години добил стипендија за Харвард.
По дипломирањето, тој стана доктор по математика на Универзитетот во Мичиген и работеше како професор на Универзитетот Беркли во Калифорнија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…