Почина трансфузиологот д-р Грубовиќ

Со големо жалење Ве информираме дека во 81 година почина Прим. Д-р Милош Грубовиќ. Прим. д-р Милош Р. Грубовиќ e роден на 17.02.1941 година во Беране, Црна Гора. Медицинскиот факултет и специјализацијата по трансфузиологија ги завршил на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој еден од основоположниците на трансфузиолошката служба во РМ и основоположник на доброволното крводарителство во РМ. За неговите заслуги и постигнати резултати од значење на напредокот на државата, д-р Грубовиќ е одликуван е со Орден на труд со сребрен венец од Претседателството на СФРЈ, а за својот голем хуманизам и значителен допринос во унапредување на здравството и крводарителствотo ја доби “13. Ноемвриска награда” од градот Скопје и “21. јулската награда” на градот Беране, Црна Гора, од каде што потекнуваше. Тој е добитник и на многу други највисоки државни награди и признанија на териториите на бившата Југославија, Македонија и Црна Гора. Со неговото заминување Македонија изгуби еден голем професионалец, хуманист и филантроп.
Поранешната водителка и модел, а денес специјалист – трансфузиолог, д-р Радица Грубовиќ, преку социјалните мрежи заедно со своите две сестри, поранешната бинго – девојка Натали и Марија се простија од својот татко:
„Со големо жалење ги известуваме сите наши драги роднини и пријатели дека сабајлево го изгубивме нашиот најсакан татко прим. д-р Милош Грубовиќ. Погребот ќе се одржи на 17.12.2022 во 14 часот на гробиштата во Бардовци, а капелата ќе биде отворена од 13 часот. Најмил и најдраг татице ти благодариме за се, ти беше најдобриот татко, сопруг и дедо. Вечно ќе те сакаме и ќе живее твојот спомен во сите нас. Почивај во мир и нека ти е вечна слава“ – стои во последниот поздрав.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски пријавил дека неговото семејство лани имало…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пријавил дека минатата…
Девојка нападната во Скопје, полицијара го расчистува…
На 29.03.2025 во 21:30 часот во СВР…
Иселувањето најмногу ги погоди земјоделството, градежништвото и…
Земјоделството, градежништвото, угостителството, туризмот – овие гранки…
Драма во Прилеп: Полицијата спречи маж да…
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(49)…
(Видео) Ова е новиот американски амбасадор во…
Марк Брновиќ е назначен за нов американски…