Почина 23-годишната девојка од Тетово која како пешак тешко беше повредена на 15 август

t

Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23-годишната Теодора Р., од тетовско Сараќино која беше тешко повредена како пешак на 15 август околу 22 часот во Тетово.

Таа беше тешко повредена кога во неа удри возило управувано од 49-годишен жител на Голема Речица, а поради сериозноста на повредите беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 15 август несреќата се случи на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.

-Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино. Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираше СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…