Почнаа номинациите за Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година

t

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу денеска изјави дека започнаа номинациите на кандидатите за наградата Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година.

РЦЦ ги покани сите заинтересирани до 28 февруари да номинираат жена претприемач на годината во една или повеќе категории – жена еколошки претприемач, креативна жена претприемач, жена претприемач во туризмот, жена претприемач Ромка, жена стартап претприемач и млада жена претприемач.

Намерата на иницијативата е да се оддаде „скромно признание на храбрите и силни жени кои се осмелиле да се борат против стереотипите и да донесат промени“ и дека придонесот на жените претприемачи е клучен за напредокот на Западен Балкан.

РЦЦ минатата година ја воспостави наградата за жени претприемачи на годината од Западен Балкан како дел од својата програма за економско зајакнување на жените во рамките на Акцискиот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kaко не ви текна порано – Демократски…

Демократски сојуз денеска соопшти дека Централниот совет…

Цариниците ја отвориле хаубата на автомобилот и…

Српски цариници биле сведоци на неверојатна сцена.…

Спасовски: Напредува истрагата за киднапирањето на Самоил

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

(Видео) Да не се налути меѓународната: Еве…

Ќе има протести против противуставните двојазични униформи…

Вечерва вонредно издание на Тешки Муабети, гостин…

Обидот за цензура значи дека сме на…