Почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН во присуство на медијатор

t

Започна помирувањето помеѓу СОНК и Министерството за образование. Работни групи од двете страни попладнево го одржаа првиот состанок и ги прецизираа чекорите по кои ќе се водат кон конечно решение.

По дописот со понуда за медијација, правниците од образовниот синдикат денеска ги објаснуваа клучните одредби за да ги побијат заблудите кај незадоволните членови кои не сакаа наставата да продолжи. Објаснија дека штрајкот не е целосно прекинат и дека постои временска рамка за решавање на сите точки. Како коментар за вчерашниот собир на револтираните наставници Неделков посочи дека нивното однесување не им доликува на едни просветари.

Училишните дворови по безмалку три недели повторно беа раздвижени. Малку настава, малку смеа и опуштени разговори – учениците и наставниците повторно се сретнаа, но на кратко бидејќи ги чека нов продолжен викенд.

Во меѓувреме Бирото за развој на образование крои програма со која учениците треба да го надополнат изгубеното од штрајкот, односно 12 работни дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема повеќе вонредна настава во средните медицински…

Министерството за образование и наука ги извести…

МОН ги остави студентите без оброк и…

Иако МОН им ветија на студентите дека…

МОН ги смирува студентите: Следната недела ќе…

Министерството за образование и наука (МОН) вчера…

Дури сега ќе биде каша-попара: МОН ги…

Со цел подигнување на квалитетот на содржината…

“Големо разочарување”: МОН ќе ја брише ДУИ…

Во однос одредени забелешки пренесени од страна…