Почнува ли офанзивата?! – Експлозии во Киев, Лавов, Днепропетровск, има и жртви

Властите во регионите на Лавов и на Днепропетровск денеска информираа за повеќекратни експлозии, јави Хина.
Шестмина се убиени, а осум лица се ранети во Лавов, откако проектили утрово погодија воени објекти и пункт за сервисирање на автомобилски гуми во западниот украински град, тврди регионалниот гувернер Максим Козицки, јави Би-Би-Си.
Има и дете меѓу загинатите, додаде тој.
Јури Сак, еден од советниците на украинскиот министер за одбрана, кој се наоѓа во западна Украина, во изјава за Би-Би-Си раскажа за нападите врз Лавов.
– Тоа што се случи денеска е многу вознемирувачки и алармантно, станува збор за многу силен ракетен напад на цивилната инфраструктура, изјави тој за Би-Би-Си Радио 4, додавајќи дека нема официјални податоци за жртви и штета, а нема ни да има, со цел да не ѝ се дава информации на Русија што е погодено.
Како што пишува медиумот Суспилне, две лица се ранети во нападите во Днепропетровск.
Хина пишува дека репортер на Ројтерс слушнал низа експлозии на левиот брег на реката Днепар. Локалните власти засега немаат дадено информации околу овии експлозии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пародија: Членови ќе му се заколнуваат…
Луѓе од партијата блиски до Мицкоски се…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: Како Мицкоски на Централен комитет…
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во денешната…
(Видео) Мицкоски никогаш не може да биде…
Како Груевски може да влијае врз пратениците…
(Видео) Ако Груевски се врати во Македонија,…
Мицкоски се договори со странците дека ќе…
(Во живо) Закон за амнестија е потребен,…
Факт е дека членот 353 од КЗ,…