Почнува судењето против Мухамед Зеќири

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска треба да започне судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, е обвинет за злоупотреба на службената положба.
Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
-Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.
Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.
Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, која е претседател и на Судечкиот совет во процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милошоски: Министерот за правда Филков има слаби…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва истакна…
Вучиќ: Одиме кон воен сојуз со Унгарија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата…
Трагично загина руски политичар, проверувал дали пиштолот…
46-годишниот Павел Избрехт, извршен директор на фабрика…
„Тетово сака парк“: Државно земјиште е продадено…
Иницијативата „Тетово сака парк” потсетува дека нејзините…
Цуцуловски за случајот со обезбедувањето на Мицкоски:…
*Објава на Фејсбук на професорот Љубомир Цуцуловски:…