Објавено на:

По Бајден и Трамп, доверливи документи пронајдени и во домот на Мајк Пенс

t

Адвокатот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс открил околу десетина документи означени како доверливи во домот на Пенс во Индијана, објави Си-Ен-Ен. Документите од домот на потпретседателот на Трамп беа предадени на ФБИ.

ФБИ и Одделот за национална безбедност на Министерството за правда почнаа со преглед на документите и како тие завршиле во куќата на Пенс.

Документите биле откриени во домот на Пенс во Кармел, Индијана од страна на адвокатот на Пенс од кого било побарано да ги прегледа документите. Сè уште не е јасно со што се поврзани документите или нивното ниво на класификација. Ова доаѓа во услови на шпекулации дека Пенс е подготвен да се кандидира за републиканска претседателска номинација во 2024 година.

Откривањето на доверливи документи во резиденцијата на Пенс е третпат во поновата историја на САД, кога претседател или потпретседател несоодветно поседува доверливи материјали по напуштањето на функцијата. Останатите двајца се поранешниот претседател Трамп и сегашниот Бајден.

И Бајден и Трамп сега се под истрага од посебни специјални советници за справување со доверливи материјали.

Во август ФБИ го пребара домот на Трамп во Флорида за доверливи материјали. Во петокот, ФБИ ја пребара резиденцијата на Бајден во Вилмингтон за дополнителен доверлив материјал, претрес без преседан во домот на актуелниот претседател при што беа пронајдени шест документи со доверливи ознаки. Претресот беше спроведен откако адвокатите на Бајден открија доверливи материјали во Вилмингтон по првичното откривање на доверливи документи во приватна канцеларија на Бајден во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…

Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…

Министерството за одбрана на САД објави инсерти…

Се огласи Хамнеи и објави заканувачка фотографија!

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се…