По Бугарија и Грција, Бектеши сега ќе ја убедува Турција да ни даде гас и струја

t

Денеска Македонија и Бугарија не успеаја да се договорат за цената на струјата, по што во јавноста излегоа информации дека договорот со Бугарија за набавка на одредени количини на стурја од таму е пропаднат.

Минстерот Бектеши, директорот на МЕПСО Муртезани и на НЕР Барјам Реџепи во четврток заминуваат за Истанбул. Тие ќе разговараат со турски Бошат, компанија која врши пренос на гас, за да се види дали има можнсот од таму да се обезбедат потребните енерегенси за престојната зима, пренесува Фокус.

Бектеши уверува дека договор со Бугарија не е постигнат затоа што се чека Европската комисија да ги најави новите мерки со кои се очекува цената на струјата да се ограничи на 180 евра за мегават час. Планот е ако има договор со Софија, оваа електирчна енегија да оди дирекно за фирмите кои се на отворен пазар и кои во моментов плаќаат значително повисока цена за мегават.

-Точно е дека Владата и претставниците беа на состаноци и потпишаа меморандуми за снабдување со јаглен, мазут и струја во Грција, но реалноста е поинаква бидејќи досега потпишан договор за снабдување со енергенси по октомври нема, а со тоа нема ниту стабилност за зимскиот период како за граѓаните така и за фирмите, вели за „Фокус“ професорот Константин Димитров.

Според него ако предвидените количини не се ставени на хартија, тогаш се само празни зборови и остануваат на „ќе“, а тоа ќе не знаеме кога ќе се случи.

-Ќе крпиме од ден за ден, така ќе биде зимата. Доцниме со се, овие средби Владата требаше да ги има уште минатата година или најдоцна летото, додава тој.Бектеши пак тврди во тек се разговори со сите соседни земји како полесно да се помине престојната зима.

За скоро ќе биде објавен договорот кој земјава го има направено со Србија, а за набавка на енергенси се преговара и со Албанија и Косово. Претходно владин тим беше во посета и на Атина каде падна договор за испрака на јаглен и мазут до крајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски писател ги шокираше Бугарите: Историски сме…

Писателот Стефан Цанев од Бугарија во гостување…

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…

Османи тврди: Историската комисија со Бугарија не…

Најодговорно тврдам дека македонско-бугарско историска Комисија не…

Бугарската еврокомесарка ѝ се налути а Холнандија:…

Бугарската еврокомесарка, Марија Габриел, ја коментираше одлуката…

Се јави нацистот: Македонија да се извини…

Има многу внатрешни проблеми во Европската унија…