По втор пат одложено рочиштето за завршните зборови за пожарот во тетовската модуларна болница

t

Рочиштето се одложи поради отсуство на адвокатот на обвинетиот поранешен директор на болницата Артан Етеми.

Денеска по вторпат се одложи судското рочиште на кое требаше да се одржат завршните зборови на обвинителството и одбраната на обвинетите во врска со пожарот во тетовската модуларна болница, кој се случи на 8 септември 2021 година а во кој животите ги загубија 14 луѓе.

Рочиштето се одложи поради отсуство на адвокатот на обвинетиот поранешен директор на болницата Артан Етеми.

Поради тоа, судијата Јордан Велковски го презакажа за 29 мај.

Пред судот во Тетово и денеска, како и на секое претходно рочиште, група граѓани се собраа на мирен протест за да искажат поддршка за еден од обвинетите, докторот Бобан Вучевски.

Освен Етеми и Вучевски, во случајот обвинет е и поранешниот економски директор на болницата Флорим Бесими. Сите тие претходно негираа вина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЛИЕВСКА: ДАЛИ НЕ ВИ Е СРАМ? ПА…

Откако Коњановски и го даде пехарот, за…

Калас: Рокот од 50 дена што Трамп…

Рокот од 50 дена што претседателот Доналд…

Шефчович: Царините на Трамп од 30% практично…

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно ги…

На патот Истибања – Македонска Каменица се…

На патниот правец Истибања – Македонска Каменица,…

Томас Вајц: Добив смртни закани и секакви…

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас…