По долги години врска, Жаре е „сингл“

t

Водителот и бизнисмен Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“ во интервју за „Женски магазин“ за првпат искрено зборува во јавноста дека по подолго време е повторно „сингл“, по раскинувањето на долгогодишната врска. Според него, ниедна врска нема смисла на долг рок, ако немаш вистински, искрен партнер покрај себе.

*Се изненадив кога дознав дека си сингл подолго време. Зошто го криеш тоа?

– Не го кријам воопшто. Едноставно, не сум човек што цело време слика и објавува кај е, со кого е и што прави. И да ти кажам, од тоа не сум видел некој зијан. Инаку, се разбира дека знаат тие што треба и тие луѓе што ми се поблиски. Растрчани се, бараат девојки под дрво и под камен, ако знаеш некое добро девојче кажи. (се смее)

*По колку време ја прекинавте врската, и што мислиш, постои ли пријателство или барем коректен однос по долга љубов, или повеќето (особено јавни личности) тоа го кажуваат за да создадат подобра слика во јавноста?

– Бевме долго време заедно и поминавме убав период. Јавна личност или не, не правам разлика, ако двајцата луѓе се доволно зрели ќе најдат начин да се разделат човечки и со разбирање. Тоа подразбира и да останат пријатели, а секако подразбира да задржат коректен однос.

*Што е тоа што може да направи да опстане или да престане една сериозна врска?

– Секоја врска е партнерство. Добрата врска е цврсто и сигурно партнерство. Мое длабоко убедување е дека клучно е да знаеш и да си уверен дека имаш вистински, искрен партнер покрај себе. Без тоа ниедна врска нема смисла на долг рок и подобро е да заврши.

*Отворен си за нова врска или?

– Секако.

*Следната избраничка веројатно ќе е онаа вистинската?

– Па, не знам, времето ќе каже.

*А, што е тоа што го бараш кај потенцијалната кандидатка?

– Не е дека имам конкретни критериуми што треба да ги “чекирам” ама еве, сигурно не би можел да сум со личност која не е искрена, која не е чесна. Во врска треба да сакаш, а за да сакаш и разбереш некого, мораш прво да се познаваш, прифатиш и засакаш себеси. Ете тоа. И овој список од помали работи исто така ама ај, да не го читам сега…(се смее)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ