Објавено на:

По инаугирацијата Ердоган ќе го претстави својот нов кабинет

t

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе го претстави новиот кабинет, информираше шефот на Канцеларијата за комуникации на Претседателството, Фахретин Алтун, јави Анадолија.

Алтун во разговор за телевизискиот канал „ТВ 24“ рече дека Ердоган попладнево ќе положи и заклетва во турскиот Парламент.

„По церемонијата на полагање заклетва, Ердоган ќе го посети Аниткабирот, мавзолејот на Ататурк“, рече Алтун.

Алтун информираше и дека претседателот Ердоган ќе приреди вечера за шефовите на држави што ќе присуствуваат на неговата инаугурација.

Високи претставници од 78 земји ќе присуствуваат на церемонијата на полагање заклетва на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Алтун додаде дека Ердоган ќе го претстави и својот нов кабинет во вечерните часови.

Ердоган беше реизбран за претседател на изборите на 28 мај. Тоа е негов трет мандат како претседател на дсржавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: На 2 април јавна седница, на…

Сојузот на синдикатите на Македонија в среда…

Шведска се подготвува за војна со Русија!…

Очекувајќи дека светот се движи кон точка…

Mинистерство за здравство: Шест пациенти се враќаат…

Уште шест пациенти кои беа повредени во…

Четири дена молк од Владата за екоцидот…

Четири дена поминаа од еколошката хаварија во…