По најавата за kpивична за прославата со Дино Мерлин, директорот на МКЦ поднесе ocтавка

t

Директорот на МКЦ, Русе Арсов соопшти дека си поднесува оставка од функцијата.

Би сакал да соопштам дека денес се повлекувам од функцијата Вршител на должност Директор на Јавната установа Младински културен центар. По три ипол години, премногу љубов, страст и жар – не издржа срце јуначко па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција, соопшти Арсов.


Тој соопшти дека да време на неговиот мандат, МКЦ реализирале повеќе битни проекти.

Во последните три и пол години МКЦ реализираше: најубави кинопроекции на кров на ГТЦ, во Парк, на Езерце, а го направивме и најголемото кино на отворено со проекцијата на „Исцелител” во Градски парк. Отворивме нова градска летна сцена во Паркот МКЦ, отворивме три графити и стрит арт галерии, а цртавме мурали и во Ибни Пајко. Ја поведовме иницијативата „Култура во време на корона”,која беше пример и поттик и за другите регионални метрополи, МКЦ стана членка на ФИАФ, стана членка на Лајвјуроп. Беше дел од уште неколку европски проекти и програмски соработки, а беше домаќин и на Урсула фон дер Лајен J Секако ги реализравме фестивалите, МОТ, Синедејс, Здраво Млади. Ги реновиравме и тоалетите во МКЦ J Само во 2021 и покрај пандемијата преку 650 реализирани настани. Пополека стануваме препознатливи и по поддршката на независната театарска сцена. Ги донесовме Лиза Жерар во Филхармонија, Љубомир Мелник во Пошта“ вели тој.

Тој им се заблагодари на сите негови колеги кои „успеале да останат најголеми професионалци“.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатирала дека за организирање на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје за 2020 година, на која настапи пејачот Дино Мерлин и други групи, прекршен е Законот за јавни набавки, поради основано сомневање дека Младинскиот културен центар постапил спротивно на законот и не спровел постапка за јавна набавка, туку распишал јавен оглас за организирање на новогодишната прослава.

Новогодишната прослава на скопскиот плоштад чинела околу 240 илјади евра, од кои околу 154 илјади евра се платени од градскиот буџет.

ДКСК за ова ќе достави иницијатива за кривично гонење пред ОЈО за гонење организиран криминал, како и иницијатива за отворање постапка за одговорност на одговорното лице до институцијата која го именува, односно Градот Скопје.

Членот на ДКСК Горан Трепеновски, на продолжението на 58-та седница, посочи дека ова произлегло од проверката на тендерите на институциите за јавна набавка на техничка поддршка, по сопствена иницијатива на ДКСК.

Со ваквата постапка МКЦ постапил спротивно на член 6 од договорот што го склучил меѓу МКЦ и Град Скопје за регулирање на правата и обврските по основ на учество за исплатата на активностите поврзани за дочекот на Новата година, за кои бил должен да спроведе постапка за јавна набавка, појасни Трпеновски.

Иако, посочи Трпеновски, МКЦ во своето образложение се повикува на исклучоците од Законот за јавни набавки, сепак исклучокот не се однесува за набавка на техничка опрема и за ова требало да се спроведе постапка за јавна набавка.

Хонорарот од околу 84 илјади евра за настап на пејачот Дино Мерлин е обезбеден од приватни спонзори, а не од буџетот на Градот Скопје и тој не влегува во сумата платена за организација на прославата, изјави Трепеновски.

Според Трпеновски, ДКСК постапувајќи по анонимна пријава, за тоа дека една иста фирма во последните десет години добила 41 тендер од државни институции за техничка поддршка на Младински културен центар, Национална опера и балет, Макфест, Универзална сала, Македонска филхармонија, Охридско лето и други институции, од целокупната документација сепак не констатирала конкретни злоупотреби во постапките за јавни набавки.

Имајќи предвид за недореченостите во јавните набавки во ситуацијата и анализата за овие десет години како ДКСК ќе препорачаме до сите државни институции да купат ваква опрема со што јавните установи ќе го зголемат својот капацитет и способност за организирање на овие настани, а со што на долг рок би заштедиле и средства, отколку да наплаќаат за изнајмување на опрема, изјави Трпеновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директор натепал вработена во фирма во Ѓорче…

Вчера околу 11.00 часот во Полициска станица…

Францускиот премиер поднесе оставка

Францускиот премиер Жан Катекс денеска поднесе оставка, соопштија од…

ШОК: Првиот човек на Лукоил поднесе оставка…

Вагит Алекперов, еден од најбогатите луѓе во…

Директор на училиште во Кичево противправно стекнал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(45)…

Ковачевски ја прифаќа оставката на Зекири: Тоа…

Ја почитувам одлуката на Мухамед Зекири да…