Објавено на:

По пет рунди гласање: Лиз Трас и Риши Сунак се двајцата кандидати за лидери на Конзеративната партија

t

Доскорешниот министер за финансии Риши Сунак и актуелната министерка за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, по петата рунда гласање на пратениците, се двата кандидати за лидерското место во британската Конзервативна партија.

Во денешниот последен круг од гласањето на ториевците во Парламентот за наследник на Борис Џонсон на лидерското место во британската Конзервативна партија и на премиерската функција, министерката за трговијаПени Мордон доби 105 гласа, Трас 113, а за Сунак гласаа 137 пратеници.

Досега гласаа пратениците од Конзервативната партија, при што беа елиминирани кандидатите кои освоија најмал број гласови. Сега кога останаа двајца кандидати нема да одлучуваат пратениците туку сите 180.000 членови на Конзервативната партија. Името на победникот ќе биде објавено на 5 септември.

Британскиот премиер Џонсон на 7 јули објави дека се повлекува од функцијата шеф на Владата и партијата, откако повеќе од 50 членови на Владата поднесоа оставки, незадоволни од неговото одбивање да се повлече по неколку скандали. Меѓу нив беше и Сунак, кој поднесе оставка два дена пред Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британското МНР: Никаква опрема – Мобилизираните Руси…

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот…

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

Светските лидери се соочуваат со кризи на…

Каква разлика прави една година. Огромните предизвици,…

Нов „шамар“ за Џонсон: Конзервативците загубија на…

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон беше…

Русија: Британија бара помош за смртните казни…

Рускиот амбасадор во Лондон во вторникот изјави…