Објавено на:

По средбата во Белград, Ескобар порача: Косово и Србија да се заложат дека нема да има насилство

t

пецијалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека целта на неговата посета на Белград и Приштина е да ги поддржи напорите на Европската унија за решавање на проблемот со регистарските таблички и документи.

„Сакаме двете страни да се обврзат дека нема да има насилство“, рече Ескобар на прес-конференција во американската амбасада во Белград, пренесува „Косово онлајн“.

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева оти преговорите се на добар пат и разговорите продолжуваат, пренесе Бета.

– По втората рунда разговори доцна синоќа, се надевам дека сме на добар пат. Го ценам искрениот напор на претседателот на Србија да се поддржи европско решение. Нашите разговори ќе продолжат – напиша Лајчак денеска на Твитер.

Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар доцна синоќа разговараа со Вучиќ вторпат во текот на вчерашниот ден.

По неуспешните преговори во Брисел, Лајчак и Ескобар ги посетија Приштина и Белград во обид до 1 септември да се постигне договор за регистарски таблички и влезно – излезни документи.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови, но дека „за (регистрациските) таблички и за некои крупни прашања такво решение воопшто не може да се постигне“, jави Бета.

– Ќе ги продолжиме разговорите и верувам дека во деновите што следуваат ќе успееме да постигнеме компромисно решение, барем за мал дел, бидејќи е јасно дека такво решение воопшто не може да се постигне во однос на таблиците и некои поголеми прашања – објави синоќа Вучиќ преку својот Инстаграм профил.

По неуспешните преговори во Брисел, специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, ги посетија Приштина и Белград во обид да постигнат договор до 1 септември меѓу Белград и Приштина за регистерските таблички и влезно-излезни документи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) На крајот парите завршувале во ВМРО-ДПМНЕ?!…

Македонија се соочува со најголемата измама и…

Брука невидена! Државата пак ќе собира донации…

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со…

Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени…

После 10 дена од испаѓањето на РЕК…

(Видео) Кривична пријава за узурпација на јавен…

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“…

Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките…

-Ние сме новата надеж. Ние сме промената…