По 800 ковид случаи во Македонија на месечно ниво

t

Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид – 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат, рече денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

Според него, во основа не се работи за сериозни бројки што би можеле да бидат причина за загрозување на здравствениот капацитет.

Засега била доволна препораката за носење заштитни маски во здравствените установи, вели Мехмедовиќ кој присуствуваше на редовниот брифинг на Министерството за здравство за новинари на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“.

Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство препорача задолжително да се користат маски само во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, но не се однесува за во аптеките или домови за стари лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радост во Скопје ЗОО: Две нови бебиња…

Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека…

Застрашувачки вести од Харков: Повеќе од пола…

Русија го нападна енергетскиот систем на Украина…

КАТОЛИЦИТЕ СЛАВАТ БОЖИК: Папата Франциск ја отвори…

Папата Франциск вчера ја предводеше бадниковата миса…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Софија излезе од…

На 25 декември 1903 година во Софија…

Два пожари во Куманово во две семејни…

Регионалниот центар за управување со кризи -…