Правобранителството барало од Антикорупциска да ги суспендира обвинителите Бубевски и Ајро

t

Државното правобранителство побарало од Државната комисија за спречување на корупцијата да ги суспендира обвинителите од ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и Артан Ајро затоа што порано како истражители на СЈО не го конфискувале имотот на „Трансмет”.

Но од Антикорупциска велат дека немаат таква надлежнот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може да изрече јавниот обвинител.

Претходно, Државното правобранителство до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Бубевски и Ајро за кривични дела во предметот „Трансмет”, фирмата сопственик на имот кој досега требаше да се продаде и државата тоа да го наплати.

– Државното правобранителство според пријавата имало сознанија дека во ОЈО Скопје се води постапка околу имотот на „Трансмет” и стечајот и затоа има сомневање на постоење на судир на интереси на обвинителите кои ги прибавувале сите предмети и стечајниот предмет. Оттука, Државното правобранителство смета дека постои опасност овие лица да ја доведат во опасност целата постапка која е отворена против нив и од ДКСК бара веднаш тие да бидат суспендирани од нивната положба до завршување на целокупната постапка, рече Владимир Георгиев, член на ДКСК, на денешната седница.

Тој додаде дека по вакви постапувања треба да се донесе стручна забрана доколку е вмешано лицето против кого се води постапка.

– Дополнително на ова во Законот за ЈО член 81 став 3 се вели дека одлука за оддалечување од вршење на јавнообвинителската функција донесува ЈО на РСМ со образложение за супензијата на јавнообвинителската функција. Основаноста на барањето за суспензија може да ја цени само ЈО на РСМ и да донесе отаква одлука. Сметаме дека ние како ДКСК немаме ингеренции за надлежно пстапување, истакна Георгиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Домашниот есап на пазар не излегува ама…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателката…

Струмица вечерва меѓу најзагадените градови во светот

Струмица вечерва е меѓу најзагадените градови во…

Меџити го изгоре Мицкоски: Требаат уште шест…

Изет Меџити и други приврзаници на т.н.…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…