Првиот медијатор во спорот за името: Бугарија да ги признае македонскиот идентитет и јазик и да ги отвори портите за Македонија во ЕУ
Робин О’Нил, првиот медијатор во грчко-македонскиот спор, за форумот “Гласот на народот“, нагласува дека е разочаран од бугарскиот државен врв со неговото дрско и неевропско однесување кон Македонија наметнувајќи нецивилизациски однесувања, кои се косат со европските принципи и стандарди.
На централна јужна Европа ѝ треба Македонија, да биде членка на Европската Унија, а Бугарија треба да го признае тоа. Грција даде многу лош пример во настојувањето да ги наметне сопствените тесни барања на Македонија и за жалење е што Бугарија сега го следи тој курс. Правилен курс е Бугарија да дозволи да започнат преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, а во текот на тие преговори треба да се покренат сите прашања што се конкретно за Бугарија!
За „Републикa“ британскиот амбасадор и прв европски медијатор во грчко-македонскиот спор за името вели:
Бугарија да ги признае идентитетот, јазикот и да ги отвори портите за Македонија во ЕУ!“.
Дипломатот ја коментира политиката на бугарскиот врв предводен од претседателот Радев и премиерот Петков кон Македонија и негирањето на идентитетот, јазикот, историјата порачувајќи ѝ на официјална Софија:
Правилен курс е Бугарија да дозволи да започнат преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, а во текот на тие преговори треба да се покренат сите прашања што се конкретно за Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…