Првиот човек на американската армија: Расте можноста за значаен меѓународен конфликт

t

Висок американски воен офицер им рече на пратениците во вторникот дека светот станува сè понестабилен и дека потенцијалот за значителен меѓународен конфликт се зголемува наместо да се намалува. Началникот на Здружениот Генералштаб, генерал Марк Мили и секретарот за одбрана Лојд Остин се појавија пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом во нивното прво сведочење пред Конгресот по руската инвазија на Украина, јавува Си-Ен-Ен.

Руската инвазија е најголемата закана за мирот и безбедноста на Европа, а можеби и на светот“
Двајцата лидери на Пентагон велат дека заканите и од Русија и од Кина остануваат значајни, бранејќи го американскиот пристап кон војната и количината на оружје што Соединетите држави и ги испраќаат на Украина. Мили рече дека руската инвазија на Украина е „најголемата закана за мирот и безбедноста во Европа и можеби светот“ во неговата 42-годишна служба во американската војска, но додаде дека е „охрабрувачки“ да се види како светот се собира околу Украина.


„Руската инвазија на Украина се заканува да го поткопа не само европскиот мир и стабилност, туку и глобалниот мир и стабилност, кои моите родители и една генерација Американци се мачеа да ги одбранат“, рече Мили.

„Сега се соочуваме со две глобални сили, Кина и Русија, секоја со значителни воени капацитети, и двете имаат намера радикално да ги променат правилата врз основа на сегашниот глобален поредок. Влегуваме во сè понестабилен свет и потенцијалот за значајни меѓународни конфликти се зголемува “.

Како можеме да помогнеме?
Претставниците на двете американски партии се фокусираа на дебатата за доставеното оружје на Украина, прашувајќи се дали може да се направи повеќе бидејќи Украина продолжува да бара дополнителни резерви.

„Едно од најголемите прашања што ги имаме во оваа комисија е како можеме да направиме повеќе? Како можеме да бидеме сигурни дека правиме апсолутно се што можеме за да им помогнеме?“ рекоа од Вашингтон.

Пратеникот од Алабама, Мајк Роџерс, водечки републиканец во Комитетот, рече дека ќе го поддржи формирањето постојани бази на САД во источните земји на НАТО, како што се Полска и Балтикот, надевајќи се дека тоа ќе ја одврати Русија. Мили рече дека ќе го поддржи формирањето постојани бази, но додаде дека верува оти американските сили треба да ротираат меѓу нив за да го поттикнат одвраќањето без трошоците за преместување на семејствата, формирање училишта и други мерки потребни кога постојаната американска база ќе биде основана во странство.

„Верувам дека многу од нашите европски сојузници, особено оние на Балтикот или во Полска или Романија или на друго место, се многу подготвени да постават постојани бази. Тие ќе изградат и ќе платат за нив за да можеме да испратиме војници во ротирачка база. но војниците, морнарите, авијатичарите или маринците нема да бидат трајно стационирани таму 2-3 години“, објасни Мили.

Остин рече дека НАТО сè уште дебатира за тоа како треба да го зајакне своето постојано присуство во Источна Европа. „Ако НАТО смета дека е соодветно да ја промени својата стратегија, тогаш ние сигурно ќе бидеме дел од неа“, рече Остин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Партијата на Каракачанов протестира против кревање…

Во Кресна најавен е широк национален протест…

Руската армија уништи голема залиха на американско…

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека…

Oрбан: Санкциите кон Русија се еднакви на…

Целиот свет го чека многу тешка зима,…

Појава на мајмунска сипаница во Европа: Открина…

Иако има мали шанси дека мајмунските сипаници…