Први неофицијални информации од пописот: Албанците според пресметките на Статистика се околу 30 проценти

t

Уште четири дена нѐ делат од објавувањето на резултатите од Пописот на население.

A ТВ21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме дека во Северна Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.

Во однос на етничките заедници во земјава, согласно информациите до кои дојдовме, од 1,8 милиони резиденти околу 63 до 65% се Македонци, околу 29,5 Албанци, и 10-12% други заедници кои живеат во земјава, објави ТВ 21.

Процентите варираат доколку во вкупниот број на население се вбројат и оние кои живеат во дијаспора, како што е предвидено со закон.

Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62%, Албанците 29,5%, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%.

Не се знае дали овие бројки ја предизвикаа изјавата од пред неколку дена на директорот на ДЗС, Апостол Симовски, кој рече дека ќе биде прогласен за „државен непријател“.

Ваквата изјава на Симовски, првиот вицепремиер, Артан Груби, во емисијата „Клик Плус“, ја нарече „за жалење“, истовремено уверувајќи дека нема да дојде до никакви манипулации со бројките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Арсовска им честиташе на победниците: Успешно…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на…

(Видео) Ковачевски и Паунов “свртеле” 26 милиони…

Аферата броило значи само едно – трговија…

Гасот “секна”, научници предупредуваат: Следува невообичаено студена…

На европските земји можеби им претстои постудена…

21-годишна девојка физички нападнала полицаец во Скопје

На 01.10.2022 околу 24 часот пред угостителски објект на…

Рекордна инфлација во Еврозоната: Енергенсите “скокнале” за…

Инфлацијата во еврозоната во септември достигна нов…