Објавено на:

Прв триумф на Русија: Онеспособени воздухопловните бази на Украина

t

Воената инфраструктура на воздухопловните бази на вооружените сили на Украина е оневозможена, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Оневозможени се средствата за противвоздушна одбрана на вооружените сили на Украина“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Се нагласува дека војниците на украинската гранична служба „не пружаат никаков отпор на руските единици“


Русија ги негира наводите дека руски авион бил соборен над Украина
Министерството за одбрана на Русија ги демантираше наводите на западните медиуми дека рускиот авион наводно бил соборен на територијата на Украина.

„Информациите дека рускиот авион е соборен над украинска територија не соодветствува со реалноста“, се вели во соопштението.

Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

Шокантно тврдење на Ненад Чанак: Русија планира…

Според политичарот од Војводина, Москва би го…

Москва: Украинската армија нападна нафтена платформа во…

Руските медиуми објавија дека украинските сили нападнале…

Литванија ќе продолжи да го блокира Калининград

Јасно ѝ кажав на претседателката на Европската…

Русија: Во Киев погодивме фабрика за оружје,…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…