Прегазен пешак доцна синоќа во Кисела Вода

t

Околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода беше удрен човек, објави Телма.

Повредениот падна на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје.

Повеќе присутни граѓани му помагаа и беше повикана Итна помош. Присутните цело време ги пренасочуваа и ги предупредуваа автомобилите кои се движеа од Кисела Вода кон Центар за да не го удрат повредениот.

Тој остана на асфалтот и никој не го помрднуваше затоа што на тој начин можеа да му ги влошат повредите.

Неколку минути по ударот, пристигна тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот е префрлен во една од скопските болници.

Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.

Полицијата најави повеќе информации за настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишна девојка физички нападнала полицаец во Скопје

На 01.10.2022 околу 24 часот пред угостителски објект на…

Разбојници со нож нападнале и ограбиле скопјанец…

На 01.10.2022 околу 18,00 часот на подрачје…

Малолетници се степале па извадиле ножеви во…

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против…

Пронајдена марихуана, приведен дилер во Скопје

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето…