Предложени повеќе проекти и иницијативи на четвртата седница на Градскиот еко совет

t

Денеска во просториите на Градот Скопје се одржа четвртата седница на Градскиот еко совет, на кои присутните членови дискутираа за повеќе теми од области кои се дел од делокругот на работа на ова тело.

На денешната седница Градскиот еко совет дискутираше за повеќе иницијативи и предлози, како што се предлог-иницијатива за дисперзирано производство на електрична енергија. На седницата беше предложено и формирање на интерсекторска група која би била задолжена да работи во насока на добивање на еколошкиот јавен превоз во Скопје, како и нови и подобри инфраструктурни и сообраќани решенија.

Градскиот еко совет има за цел да ја подобри заштитата на животната средина во градот, да креира политики за спроведување активности за поставување системски решенија за намалување на загаденоста, како и поставување нови стандарди за заштитата на животната средина. Советот е составен од дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина.

Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за развојот на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија загуби легенда: Почина познатиот актер Димче…

Збогум Димче Мешковски Во „Викенд на мртовци“…

Битиќи за ТВ Стар: Во 2023 ќе…

Тековната 2023 година ќе ја преполовиме инфлацијата,…

Општина Карпош ќе доделува субвенции за купување…

Со вкупен фонд од 700.000 денари кои…

Шефот на „Вагнер“ ја предупредува Москва: „Почнува…

Евгениј Пригожин го предупреди рускиот министер за…

ИМ СОБРАЛЕ ПАРИ ВЕТУВАЈЌИ ИМ ГЕРМАНСКИ ВИЗИ:…

Двете се задржани во Полициската станица Гостивар…