Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје од годинава на граѓаните им биле вратени вкупно 491,5 милиони денари

t

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје од годинава на граѓаните им биле вратени вкупно 491,5 милиони денари.

Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и ги ажурирале во нивниот кориснички профил.

УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата „Мој ДДВ” со цел навремена исплата.

Крајната горна граница на исплата што граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ” е 1.800 денари за едно тримесечје или 7.200 денари годишно по лице.

Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, од јануари до март се скенирани 73 041 591 фискална сметка.

-Интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15 777 корисници на апликацијата „Мој ДДВ”, а вкупниот број на регистрирани корисници досега изнесува 457 090, наведува УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остар пад на берзите, инвеститорите стравуваат од…

Цените на акциите на светските берзи драстично…

ЖФК Башкими оддаде почит кон 59-те жртви…

Женскиот фудбалски клуб Башкими оддаде почит кон…

Нов црн биланс од земјотресот во Мјанмар:…

Во шест региони на Мјанмар е прогласена…

Осомничена за убиство на мајка си била…

Полицијата ја сомничи Милена Крамер (62), членка…

Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите…

Ги замолуваме јавно надлежните институции и медиумите…