Пренџов: Грогираниот “економски тим” во владата го пробива дното

t

Грогираниот “економски тим” во владата го пробива дното. Наместо да субвенционираат кредити за граѓаните и стопанството и да ја зголемат економската активност, тие со зголемувањето на каматните стапки одлучуваат да ја умртват целата економија, анализира пратеникот Љупчо Пренџов.

-Со оваа мерка, во следниот период само владата ќе биде главен и единствен трошач во општеството. Само таа ќе си ги собира зацртаните приходи додека останатите ќе чекаме на нивна милост. Нема да ги отпуштат партиските војници примени преку договори на дело и привремени вработувања, а уште помалку ќе се откажат од “разните трансфери” предвидени во буџетот, вели тој.


„Не е случајно тоа што уште не запролетило а имаме повеќе од 200 милиони евра дефицит а само 80тина милиони капитални инвестиции. Излажаа дека ќе го почитуваат златното правило во економијата кое вели дека во услови на криза, капиталните расходи мораат да бидат поголеми од дефицитот т.е “дупката” во буџетот. Со овакви “незналици” друго и не се очекува.

П.С со оваа мерка нема да ја намалат инфлцијата, се обидуваат предизборно да ја зајакнат контролата на сите економски текови. Се обидуваат, ама нема да успеат“ – пишува пратеникот Пренџов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претпладне сончево и топло до 34 степени,…

Времето претпладне ќе биде сончево и топло…

Иванов: Кога државата зема кредити да даде…

Кога државата зема кредити за да ги…

Инфомакс е, и ќе биде редакција на…

Во вечерашното издание на "Teшки муабети" се…

Се спрема нов напад? Русија ги засилува…

Руските граничари на границата со Украина се…

(Фото) Ова се сите осомничени за случајот…

Управата за финансиска полиција денеска поднесе седум…