Пренџов категоричен: Ќе го штитиме македонското мнозинство – не дозволуваме партизација на образованието

t

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт денеска одржува седница на која на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.

И на оваа комисиска седница продолжуваат големи несогласувања, а пратеникот Љупчо Пренџов преку социјалните мрежи порача дека нема да дозволат партизација во образованието.


-И во сабота, и во недела. И на празник, и “во делник”, ќе го штитиме големото и чесно мнозинство наспроти ситното и корумпирано малцинство во Р. Македонија. Нема да дозволиме партизација во образованието. Најмладите жители во ова наше општество, заслужуваат професионален, а не, партиски образовен кадар. Новата генерација, ќе се избори на нови фер и праведни општествени вредности, напиша Пренџов.

Извор: Вечер.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…

Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…