Претрес во домот на 73-годишен кавадарчанец: Пронајдени три пиштоли, полицијата го уапси

t

Кавадарчанецот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Полицијата од Кавадарци вчера уапсила 73-годишен кавадарчанец со иницијали О.Т. откако по претрес со судска наредба во неговиот дом биле пронајдени три пиштоли и муниција.

„При претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени пиштол ‘Црвена застава’ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол ‘Gesichept’ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар“,

се наведува во соопштението од МВР.
Кавадарчанецот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блиску до пречекорување на црвените линии: Европската…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера објави дека…

Бајден ќе го пропушти крунисувањето на Чарлс…

Бајден ќе го пропушти крунисувањето на кралот…

Ахмети до “огнените”: Фракции не се дозволени!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска по…

Трагедија: Матурант почина на екскурзија во Прага

Матурант од гимназијата „Мате Балотa“ од Пореч…

Ѓоковиќ повторно е светски рекет број еден!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е светски…