Претрес во Скопје: МВР пронајде оружје и муниција, едно лице е лишено од слобода

Денеска (09.12.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода И.Ч.(43) од Тетово, со живеалиште во Скопје.
При петрес во домот во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Browing” со 12 куршуми калибар 7,65 и рамка за пиштолот.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акција на МВР: Скопјанец чувал еден килограм…
38-годишен скопјанец е уапсен денеска откако во…
Акциска контрола на МВР во угостителски објекти:…
Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до…
Посебен сообраќаен режим поради завршни активности за…
На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот…
И не им доаѓа паметот: 334 казни…
– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера…
Акциска контрола на МВР: Казина во Прилеп,…
При спроведена контрола од страна на припадници…