Објавено на:

Претседателката на Косово побара санкции за Србија

t

Претседателката на Косово Вјоса Османи, во интервју за Си-Ен-Ен побара од меѓународната заедница да воведе санкции за Белград, но не одговори на прашањето дали Приштина ќе ја формира Заедницата на општини со мнозинско српско население (ЗСО).

Во разговор со Кристијан Аманпур, Османи избегна да даде директен одговор на прашањето дали Приштина ќе ја формира ЗСО, на што инсистира меѓународната заедница, повторувајќи го тврдењето дека Косово било нападнато и дека е „жртва на агресија“.

Османи рече дека „оваа агресија не се случи ненадејно“, додавајќи дека „е испланирана и подготвена многу добро со единствена цел да се анектира северот на Косово во стилот на Крим“. Османи повеќепати изјави дека Приштина има докази што ја потврдуваат поврзаноста на Србија со настаните во Бањска.

Во врска со возачките дозволи и регистарските таблички Османи одговори: „Ги следевме советите на нашите партнери и постигнаавме компромис“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Половина од домашниот буџет се троши на…

Домаќинствата во 2023 година половина од домашниот…

Нова тура смени во украинскиот врв

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го…

Жена од Гостивар која собирала донации за…

Жена од Гостивар била измамена за 380…

МВР распиша меѓународна потерница по ексдиректорот на…

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната…

Апелациониот суд во Ниш го укина решението…

Советот на Апелациониот суд во Ниш вчера…