Претседателот на Летонија, Егилс Левиц во официјална посета на Македонија

Претседателот на Република Летонија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, денеска ќе има средба со неговиот домаќин и колега претседателот Стево Пендаровски.
Како што соопштуваат од Кабинетот на шефот на државата, претседателот Левиц ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на делегациите на Летонија и Северна Македонија. По средбите, најавена е прес-конференција на двајцата претседатели.
Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
Претседателот на Летонија, вчера имаше средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи кој го пречека на скопскиот аеродром. Двајцата разговарале за актуелните политичко-безбедносни предизвици, како последица на руската инвазија на Украина од аспект на членството на двете држави во НАТО, а реафирмирана е и летонската подршка за нашите евроинтерграции.
-Како балтичка земја со изострена диоптрија за геополитичките ризици, Летонија останува наш доследен поддржувач на патот кон ЕУ, со став дека отпочнувањето пристапни преговори со ЕУ е од витално значење како за нашата држава, така и за Европа, напиша Османи на фб по средбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД свечено ја отвори постојаната воена база…
Американските копнени сили денеска ја добија својата…
Османи со директна порака до “огнените”: Срамота…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва…
Се јави Дугин: Кина е свесна дека…
Посетата на претседателот на Народна Република Кина…
По Киев јапонскиот премиер пристигна и во…
Јапонскиот премиер Кишида пристигна во Буча со…
Османи: Косовски политичар кажа дека Ахмети е…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва…