Објавено на:

Претседателот на Мексико од Tрaмп пoбaрaл дa гo пpмилyвa Acaнж

t

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека од поранешниот американски претседател Доналд Трамп побарал да го ослободи и помилува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пренесува Агенција Анадолија.

Обрадор на дневната прес-конференција истакна дека во писмото што му го испратил на поранешниот американски претседател пред да ја напушти Белата куќа побарал Асанж да биде ослободен и помилуван.

Наведувајќи дека не добил одговор на неговото писмо, Обрадор побара од американските власти да постапат „хумано“ во случајот Асанж и ја повтори својата понуда за политички азил на основачот на Викиликс.

Мексиканскиот претседател исто така додаде дека Асанж не претставува закана за Мексико доколку ги почитува законите на земјата и не се меша во надворешните работи.

Викиликс, основан од Асанж, објави многу доверливи документи во 2010 година, меѓу кои и докази за злосторствата извршени од САД во Ирак и Авганистан.

САД од Велика Британија бараат екстрадицијана Асанж, кој се наоѓа во затворот „Belmarsh“ надвор од Лондон, за да му се суди по 18 обвиненија, вклучувајќи хакирање и шпионажа.

Мексиканскиот претседател му понуди политички азил на Асанж, чие барање за екстрадиција во САД беше одбиено во јануари 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги притискаат и Србија и Косово:…

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска…

Потоп: 65% од Американците сметаат дека Бајден…

Само 41 отсто од Американците ја одобруваат…

САД ја поздравуваат деескалацијата на реториката меѓу…

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на…

Бајден одобри итен пакет помош од САД…

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека…

Кинезите со остра реакција до САД поради…

Кинеското Министерство за надворешни работи изрази силно…