Објавено на:

Претседателот на руската дума бара да ја испрашува Нуланд за биолабораториите во Украина

t

Американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд треба да сведочи во рамките на парламентарната истрага за биолабораториите во Украина, иницирана од Државната Дума на Руската Федерација и Советот на Федерацијата. Ова го изјави спикерот на Думата Вјачеслав Володин.

„Барање до оние кои ќе бидат дел од комисијата, оние кои ќе се вклучат во оваа работа, прво, да започне со покана на Викторија Нуланд да сведочи. Таа е информирана“, напиша тој на својот канал Телеграм.


Володин рече дека Нуланд треба „прво да биде сослушана, а потоа и испрашувана“. Нуланд треба да дојде и да објасни зошто САД ги создадоа овие лаборатории, штом комисијата ќе започне со работа, таа мора да каже и зошто не ја почитувале Конвенцијата за забрана на развој, производство и складирање на бактериолошко (биолошко) и токсинско оружје, нагласи Володин.

Претходно руското Министерство за одбрана декласифицираше документи поврзани со воените биолошки програми што САД ги спроведуваа во биолошките лаборатории во Украина.

На територијата на Украина, според агенцијата, во рамките на заедничките програми со Пентагон има 30 биолошки лаборатории кои работеле со патогени на опасни инфекции. На 9 март, шефот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин, нареди да се отвори кривично дело поради развојот на биолошко оружје во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов: Кога државата зема кредити да даде…

Кога државата зема кредити за да ги…

Инфомакс е, и ќе биде редакција на…

Во вечерашното издание на "Teшки муабети" се…

Се спрема нов напад? Русија ги засилува…

Руските граничари на границата со Украина се…

(Фото) Ова се сите осомничени за случајот…

Управата за финансиска полиција денеска поднесе седум…

Не можете да кажете дека сте биле…

Не можете да кажете дека сте биле…