Претседателот Пендаровски во Лондон и оддаде последна почит на кралицата Елизабета Втора

t

Претседателот Стево Пендаровски, во придружба на неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска, денеска во Лондон и оддаде последна почит на британската Кралица Елизабета Втора.

Пендаровски во Лондон утре ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата.

Претходно тој се потпиша во Книгата на жалост за Крализацата Елизабета Втора.

– Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир, напиша претседателот Пендаровски на својот Фејсбук-профил.

Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…