Претседателот Пендаровски денеска ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе присуствува на државниот погреб на британската Кралица Елизабета Втора во Вестминстерската палата во Лондон.

Шефот на државата е придружуван од неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Тие вчера и оддадоа последна почит на британската Кралица Елизабета Втора и се запишаа во Книгата на жалост.

– Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред погребната церемонија во Вестминстерската опатија. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир, напиша претседателот Пендаровски на својот Фејсбук-профил.

Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска до Мицкоски: Претходно ме клеветевте, сега…

Пишува Славјанка Петровска на социјалните мрежи: Ме…

Борел: Операцијата на Украина во правец на…

Офанзивната операција на украинската армија во правец…

НАСИЛНО ЈА ВНЕЛ ВО ВОЗИЛО И ЈА…

Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка…

Шолц: Украина не ја консултираше Германија за…

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека…

Ховениер: Дејствијата на Курти се одразија на…

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер изјави…