Претседателот Пендаровски се сретна со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими д-р Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
На средбата се разговараше за активностите во однос на работењето на лекторатите по македонски јазик, како и за плановите за проширување на мрежата на лекторати.
Директорката Мојсова – Чепишевска го информираше претседателот Пендаровски за подготовките за одржување на 55-тата Летна школа на семинарот.
Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на Меѓународниот семинар во проучувањето и изучувањето на македонскиот јазик и неговата афирмација во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендароски како прав татко на нацијата: Го…
По Министерството за надворешни работи, и претседателот…
Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните…
Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорките на…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорките…
Пендаровски заинтересиран за Роналдо, ги пофали македонските…
Денеска во Давос, претседателот на Република Македонија,Стево…
Средба на Пендаровски со Абазовиќ во Давос
Претседателот Стево Пендаровски, за време на учеството…