Претседателот Пендаровски утре ќе го довери мандатот за состав на новата Влада

t

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе го довери мандатот за состав на новата Влада на новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, потврдија од претседателскиот кабинет за Телма.

Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада.


Синоќа Централниот одбор на СДСМ официјално го потврди Ковачевски како кандидат за нов премиер.

Претходно, претседателот Пендаровски во телевизиско интервју изјави дека Ковачевски е непознаница во политиката затоа што не бил на позиција претходно, но смета дека треба да му се даде шанса.

Откако мандатарот ќе го добие мандатот за формирање нова влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец тој до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада. За да биде избран, за предложениот владин кабинет треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски за Отворен Балкан: Ние се поврзуваме…

Со Отворен Балкан ги отстрануваме работните дозволи…

Ќе се поедноставува постапката за поставување фотоволтаици

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се…

Пендаровски заинтересиран за Роналдо, ги пофали македонските…

Денеска во Давос, претседателот на Република Македонија,Стево…

Средба на Пендаровски со Абазовиќ во Давос

Претседателот Стево Пендаровски, за време на учеството…

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод…

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод…