Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

t

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, и посакувам овој голем празник да го поминеме во добро здравје, мир и хармонија, во љубов и во радост.

Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи туку и инаугурираа идеи и дела исполнети со хуманост и со човекољубие и коишто имаат почитувачи и следбеници ширум светот, за нас е повеќе од празник. Ние имаме особен долг и благодарност кон нивното дело, кое е наш духовен и културен темел, но и светоглед и залог за иднината. Св. Кирил и Методиј се и треба да ни останат патоказ за тоа како да истраеме и како индивидуи и како нација.

Почитувани,

И единаесет века по упокојувањето на Св. Кирил и Методиј, поборниците за вистината и неуморните заштитници на послабите и на обесправените, сѐ уште се живи нивните дела и нивните мисли, но, за жал, живи се и догмите против коишто се бореа. Сѐ уште има такви коишто си земаат за право да имаат ексклузивитет врз општите и заеднички добра и се обидуваат да ги потчинуваат и условуваат останатите. Напредокот и добросостојбата се можни само со споделување на заеднички вредности, со давање и со помагање, а не со алчност, себичност и со доминација. Токму тоа најдобро го покажа делото на Св. Кирил и Методиј.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на Св. Кирил и Методиј.

Стево Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски се сретна со новоименуваниот унгарски амбасадор

Денеска во Министерството за внатрешни работи се…

Жално: Околу 700.000 Македонци живеат надвор од…

Околу 700 илјади Македонци или околу една…

МНР за Инфомакс: Македонците да ја напуштат…

Безбедносната ситуација во Русија станува се' позагрижувачка,…

Премиерот не очекува бегалски бран од Русија:…

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско…

Ковачевски: Не е точно дека не реагираме…

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско…