Објавено на:

Претставници на САД и Франција разговарале за патот на Македонија кон ЕУ

t

Заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман, синоќа телефонски разговарала со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи, Франсоа Делатр, а за најновите случувања на патот на Македонија и Албанија за членство во Европската Унија, јавија од Стејт департментот.

Ова денеска го соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

-Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Делатр разговараа и за најновите случувања околу патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во Европската Унија, се вели во изјавата на Прајс.

Прајс изјави дека тие разговарале и за тековните заеднички напори за обезбедување поддршка за Украина и да се повика Русија на одговорност поради „нејзината неиспровоцирана и неоправдана војна“.

-Двајцата зборуваа за важната работа за ублажување на предизвиците за глобалната безбедност на храната што резултираа од акциите на Кремљ, соопшти меѓу другото Прајс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Има и разумни: Бугарски тиктокер на…

Бугарски тиктокер објави кратко видео на социјалната…

(Видео) Француската амбасадорка во Софија: Без Бугари…

„Дадовме европски гаранции дека вклучувањето на Бугарите…

Груевски: Не може Македонците да се виновни…

Поранешиот премиер Никола Груевски, на Фејсбук сподели…

Бугарски одбојкар: Проблемот ќе се реши со…

Бугарија мора да има намерна државна политика…

Добро утро со Инфомакс: Толку се страхувам,…

Гане Тодоровски е еден од плеадата македонски…