Приведени дрвокрадци во Тетово и Гостивар

t

Вчера  во 19 часот и 30 минути, во тетовска Волковија, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Ј.(49) од Гостивар и Ј.С.(63) од ова село, кои со два трактори со приколки пренесувале дабово огревно дрво без потребните документи, откако претходно биле затекнати во атарот на селото.На двете лица одземени им се тракторите „имт”, две моторни пили и дрвата, задржани се во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (8 септември), во 16 часот и 15 минути и 19 часот, ги лишиле од слобода Ш.Х.(48), И.Д.(27), Ј.Д.(38) и Н.Д.(30), сите од гостиварско Чегране, кои биле затекнати на локалниот пат во селото, во месноста „Јолов дол”, како со возила (џипови) пренесуваат огревни дрва без потребните документи.Одземени им се две возила, дрвата и исто толку моторни пили и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат поднесоци по член 226 од Кривичниот законик за „пустошење на шума”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во Гостивар: Маж ги нападнал сестра…

41-годишен жител на Гостивар вчера бил уапсен…

Драма во Тетово: Бездомни кучиња нападнале жена,…

Со скршеница на десната нога и повредена…

Ножеви и дрога во казино: Силни полициски…

Полициски службеници од Одделот за униформирана полиција…

Нашата чудесна земја: Гостиварец си позајмил агрегат…

Вработен во гостиварскиот стационар за улични кучиња…

Страшно: Старец удрил тетовец со кола па…

Тетовската полиција информира дека приведен бил возач…