Приведени четворица разбојници од Скопје
На 18.01.2023 во 22.50 часот на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(45), Г.А.(23) и малолетник, сите од Скопје, а денеска (19.01.) во 01.00 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од ЕВР Чаир го лишиле од слобода Ф.С.(38) од с.Студеничани, скопско.
Четирите лица се сомничат дека вчера (18.01.2023) во 21.20 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички го нападнале А.Л.(24) од Скопје и му одзеле пари и личен накит.
Тие биле приведени во полициска станица, каде бил извршен службен разговор со нив и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ по чл.237 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…