Приведен дилер од Битола: При претрес во неговиот дом била пронајдена дрога

t

На 29.12.2021 во 21.00 часот на ул.„Московска“ во Скопје, Оперативен тим Потраги во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(31) од Битола. Тој бил баран по Централна потерница од Основното јавно обвинителство Битола за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во домот во Скопје во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и поголем износ на пари во различни валути и апоени.

Тој бил предаден во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дополнителни 36 спасувачи ќе бидат испратени во…

Дополнителни 36 припадници на специјалните сили обичени…

САД ја поздравуваат деескалацијата на реториката меѓу…

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на…

Уапсен Србин на граничниот премин Стар Дојран

Српски државјанин фатен како превезува мигранти на…

Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…

Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…

Уапсен Албанецот кој пукаше од автомобил во…

Полицијата во Грачаница приведе лице кое синоќа…