Приведен жител на Липково по собирот за денот на албанското знаме во Куманово, оштетени шест возила

t

На 28.11.2024 во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме.

-Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола, информира МВР.

По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен жител на Липково по собирот за…

На 28.11.2024 во периодот од 18.00 до…

Зеколи Шаќири: Знамето е највисок симбол на…

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири…

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на…

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот…

Скопјанец пронајден починат во својот дом

На 28.11.2024 во 18.42 часот во СВР…

Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка ја освои…

На изборот за Кралица на Евроазија 2024…