Објавено на:

Приведен криумчар од Неготино: Пренесувал мигранти

t

Синоќа околу 22.20 часот на автопатот А1 Демир Капија-Неготино, во близина на бензинска пумпа, полициски службеници од Полициска станица Михајлово го лишиле од слобода Д.С.(30) од Неготино. Тој е затекнат како со патничко возило „цитроен ксара“, со кумановски регистарски ознаки, превезувал седум лица мигранти, од кои шест од Сирија и едно од Египет.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Неготино и Регионалниот центар за гранични работи Југ. Д.С. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека илегалните мигранти се предадени на полициски службеници во Полициска станица Неготино по што ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Неготино фатен со кокаин во…

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(33)…

(Видео) Спречен нелегален влез на шест мигранти…

Мобилен тим при Секторот за контрола и…

Орбан за мигрантите: Не сакаме тероризам и…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжи со своите…

Приведена наставничка од Неготино по пријава е…

Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне,…