Приведен криумчар, пронајдени осум лица мигранти

t

Денеска околу 01.15 часот, на место викано “Македонија пат” на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор “Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци.

При контрола на патничко возило “мазда 6”, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица – мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.
М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турчин со „пежо“ пренесувал осум мигранти, повеќето…

Полицијата утрово на автопатот Демир Капија-Скопје приведе…

Германија планира да врати повеќе од 16.000…

Откако во хрватската јавност се отвори прашањето…

Турски државјанин фатен со осум Сиријци во…

На 26.11.2024 во 01.15 часот во близина…

Кај село Табановце запрено возило полно со…

МВР информира дека синоќа околу 20.30 часот…

Акција „Кипер“ – Се бара притвор за…

Денешната координирана полициска операција со кодно име…