Приведен раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше за примање на поткуп

t

На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, Садредин Елезоски.

Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети.

Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

Зградата на Општина Прилеп е ДИВОГРАДБА! –…

*Објава на Фејсбук на Зоран Милошески: -…

Прегазен пешак во Скопје, возачот побегнал

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје…

(Видео) Тошковски за година дена не успеа…

Веднаш по доаѓањето на функцијата технички министер…

Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…

Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…