Приведен скопјанец кој недозволено тргувал со оружје

“На 28.01.2022 СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против Б.Ј.(44), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 24.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи во содејство со полициски службеници од Полициската станица Аеродром, врз основа на судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес на дом и други простории кај Б.Ј. на подрачјето на Аеродром, при што биле пронајдени еден пиштол „Ceska Zbrojovka75“ кал.9mm, две рамки и 12 куршуми, од кои 11 со кал. 9mm и еден куршум со кал.7,62х25мм за кои не поседувал дозвола.
Пријавениот бил лишен од слобода, а против него е поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.” – пренесуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30-дневен притвор за возачот на Палчо!
Судија на претходна постапка од Основниот кривичен…
ПРЕТЕПАН ЗАТВОРЕНИК во Идризово
На 06.12.2023 во 16.00 часот во СВР…
Народот го нокаутираше Мицкоски: “ГНАСЕН ЧОВЕК, КАКО…
Македонскиот народ не е ниту неук, ниту…
УАПСЕН УБИЕЦОТ НА 76-ГОДИШНИОТ ЧОВЕК ОД КРИВА…
Полицијата го пронашла и го уапсила убиецот…
МВР демантира: НЕМА ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ВО…
Министерството за внатрешни работи вели дека не…