Приоритети: Владата предлага закон за декларативна промена на полот: Мажите ќе може да се изјаснат како жени и обратно!

t

Владата предлага закон со кој ќе се овоможи секој граѓанин декларативно да си го промени полот. Предлогот, кој наскоро ќе биде претставен пред пратениците во Собранието, е со „европско знаменце“, објави Алсат.

Во Законот за матична евиденција, Владата предлага да се додаде одредба со која се прецизира дефиницијата на родовиот идентитет:

„Родов идентитет“ претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.”
Предложените одредби треба да ја олеснат постапката со тоа што таа се сведува на декларирање од страна на личноста и заверување на изјава на нотар.

“Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање“, се вели во предложените измени на законот.

Од Алијанса за Албанците, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека нема да го поддржат законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се “заглавуваме” за нови 250 милиони евра:…

Владата донесе одлука за издавање на хартии…

Партиите тврдат: Владејачкото мнозинство и Владата се…

Партиите од владејачкото мнозинство тврдат дека нема…

Ограничени маржи на основните продукти: Народот нека…

Владата ни препорачува да готвиме во помали…

Претседателот на ССМ: На први мај бевме…

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија…

За Владата и ЕСМ рестрикции не се…

Генералниот директор на „Електрани на Македонија“, Васко Ковачевски,…