Припадник на УЧК осуден на 26 години затвор поради воени злосторства!

t

Салих Мустафа, еден од командантите на терористичките единици на УЧК, денеска во Специјалниот суд на Косово во Хаг е осуден на 26 години единствена казна за воено злосторство самоволно лишување од слобода, тортура и убиства.

Мустафа беше осуден за воени злосторства во април 1999 година против шестмина албански цивили затворени во камп на изолиран имот во селото Злаш.

Припадниците на единицата што ја командувал, како и самиот тој, секојдневно ги мачеле овие луѓе, ги тепале со часови, им ја палеле кожата, им ги кршеле коските… Тој е одговорен и како командант на логорот, но и директно вклучен во злоупотребите. Тогаш еден Албанец, за кој мислеле дека не ја поддржува ОВК, бил жестоко мачен со денови и на крајот бил убиен и закопан во плиток гроб.

Тие злосторства се докажани со исказите на жртвите, други сведоци и документација.

Мустафа е во притвор во Шевенинген од 24 септември 2020 година, кога беше уапсен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери на одбележувањето на годишината од основањето…

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат…

Скандалозен потег на Приштина: На собраниската говорница…

Во собранието на Приштина денеска се одбележуваат…

Припадник на УЧК осуден на 26 години…

Салих Мустафа, еден од командантите на терористичките…

Хаос на летот од Брисел за Скопје:…

Патник се соблекол гол до појас, викал…

По Југославија и Косово, ќе се формира…

Балтичките земји побараа денеска, на вториот ден…