Објавено на:

„ПРИПАДНИЦИТЕ НА КФОР ДА НЕ ГИ ЧЕПКАТЕ!“ Вучиќ ги советува Србите на Косово како да протестираат

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во пресрет на Самитот на Европската политичка заедница во замокот Мими кај Кишињев изјави дека Србија ќе се обиде да ги зачува мирот и стабилноста и да направи сè за да ја деескалира ситуацијата на Косово.

Вучиќ по пристигнувањето на Самитот изјави дека средбите со францускиот претседател и германскиот канцелар Емануел Макрон и Олаф Солка нема да бидат лесни, но се важни.

На прашањето дали ќе се сретне со некој од косовските претставници, Вучиќ рече дека не знае кој сè е дојден од Косово, а непосредно пред него на Самитот дојде претседателката на Косово, Вјоса Османи.

– Отсекогаш сум бил лидер кој се залага за мир и правиме многу за да ги зачуваме мирот и стабилноста во регионот – изјави Вучиќ за новинарите во замокот Мими во близина на Кишињев, пренесе „Данас.рс“.

Тој изјави дека на средбите со Шолц и Макрон и другите лидери ќе се обиде да ги врати работите во нормала и да ја деескалира ситуацијата на Косово.

– За танго се потребни двајца, не зависи сè од нас – изјави претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека утринава разговарал и со Србите од северот на Косово и дека ги молел да бидат „решителни да истраат на правото и правдата, но тоа да го прават на мирен начин, особено кон припадниците на КФОР“.

Тој рече дека е важно Белград да ги продолжи напорите да ги увери соговорниците да разберат дека излезноста од 3,4 отсто не е доволна за легитимни избори.

Вучиќ оцени дека САД испратиле вистинска осуда за однесувањето на Приштина и се надева дека тоа ќе биде случај и со Европејците.

Претседателот на Србија изрази очекување Лајчак и Ескобар да дојдат во Белград следната недела.

– Можевме да видиме и да предвидиме што се случува на Косово и Метохија, и го направивме тоа, но не можевме да го спречиме тоа – рече Вучиќ.

На прашањето дали ескалацијата ќе се прелее во регионот, Вучиќ рече: „Се надевам дека ќе успееме заедно да деескалираме и да ги зачуваме мирот и стабилноста и верувам дека ќе успееме во тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јовановска: Децата со попреченост повторно оставени без…

„Деновиве има бура од реакции на родители…

За мајката на која ѝ пукна водењакот…

За вистинските херои од Кочани – нешто…

Два месеци нема трага од младиот Миле…

Два месеци се трага по младиот Миле…

УНИЦЕФ: Секое трето дете во Македонија живее…

Секое трето дете живее во сиромаштија, додека…

Централниот одбор на СДСМ: Сите виновни за…

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор…